Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, обвинија дека владата ги игнорира сите нивни предлози и амандмани за буџетот што имаат за цел развој на практично сите делови од Македонија.
Како што истакна пратеникот, Владимир Ѓорчев, овј регион е ставен на „црна листа“ затоа што „ништо не е предвидено за Источна Македонија исто како што ништо од Владата не е предвидено да се прави и работи во Скопје за да се покрие тоталната неспособност, дебакл и фијаско на градоначалникот, Петре Шилегов.
Исто така, посочи Ѓорчев, одбиени се нивните амандмани за Пелагонија, за Битола и битолскот крај, за Прилеп и прилепскиот крај. Одбиение се и амандмани за Повардарието и за цела низа општини во тој дел, како и за полошко и дебарско.
Comments are closed for this post.