Единицата за недозволена трговија на СВР Скопје вчера извршила претреси во домовите на неколку лица од градот со цел откривање и докажување на кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
При претресите се пронајдени и одземени предмети што се дадени на вештачење, додека лицата се приведени во полициска станица.
Како што соопшти денеска МВР, во домот кај Г.Ј. (41) пронајден и одземен е пиштол и рамка со куршуми, а кај Д.К. (27) пронајдени се куршуми, рамка и експлозивна направа. Кај Н.А. (22) пронајдени се девет пакувања со марихуана и вага и кај лицето М.Ј. (26) пронајдени се две пакувања со марихуана. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Единицата за недозволена трговија при СВР-Скопје постапувала по издадени наредби од Основен Суд Скопје 1.
Comments are closed for this post.