Утре наутро го поканив комесарот Јоханес Хан на појадок во Стразбур. Сакам да разговарам со него за ситуацијата во Западен Балкан и да го информирам за односите меѓу Софија – Скопје!, напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој заедно со бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, последниве денови влегоа во дискусија докажувајќи дека Григор Прличев е Бугарин, а цар Самуил бугарски цар.
Ковачев продолжува со дикусијата објавувајќи ги своите ставови на фејсбук.
„Македонија треба да влезе во НАТО што е можно поскоро! Преговори за членство во ЕУ мора да има! Но не тврдам јас дека Цар Самоил е бугарски цар, туку автентичните артефакти од таа ера како што е битолскиот натпис го докажуваат тоа! Не тврдам јас дека Григор Прличев е Бугарин, туку самиот тој додека бил жив оставил такви писмени документи и еве еден од нив: Во својот одговор, објавен во грчките весници во мај јуни 1860 година, Прличев ги отфрла навредите на Орфанидес, дека е орган на руската пропаганда и пишува: „Да, јас сум Бугарин, дури и варварин ако сакаш. Само вистината ќе им помогне на Македонија и Бугарија. Разбирам колку е тешко да се надминат децениите на фалсификувана историја. Ако веќе е стравот толку голем, ние не сакаме од вас во Македонија да признаете нешто само со зборови, но просто согласете се дека овие историски извори постојат. Се друго е безумно“, пишува Ковачев.
Comments are closed for this post.