СДСМ потроши 7 милијарди евра пари на граѓаните, без да вложи денар за намалување на аерозагадувањето, а сега безобразно и без срам бара донации од бизнисмените за борба против загадувањето на воздухот, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ нема план како да ја извади државата од црнилото во кое ја потона. Скопје со денови е најзагаден град во Европа и помеѓу десетте најзагадени во светот. Во европскиот врв на најзагадени градови се и Битола и Тетово, ништо почист не  е воздухот ниту во Струмица, Кочани и Тетово. Едноставно кажано Македонија се гуши, а власта не презема ништо, ниту денар од 7 милијарди евра буџет од две последователни години не е инвестиран во подобрување на квалитетот на воздухот, па сега наместо мерки и проекти, власта бара донации од бизнисмените, кои веќе еднаш дале пари во буџетот преку даноците, пари од кои дел требало да завршат и за подобрување на квалитетот на воздухот. Нивото на загаденост е неколкукратно над дозволеното, нивото на канцерогени ПМ10 честички е опасно по здравје. Десетици граѓани секој ден ги полнат болниците ширум државата поради срцеви и белодробни проблеми како последица на загадувањето. СДСМ наместо да троши пари на лубриканти, цвеќиња и кафе во износ од неколку милиони евра, треба да преземе мерки против загадувањето, кое е реален проблем за здравјето на  граѓаните и животната средина, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ предлага сет мерки, кои СДСМ треба да ги прифати и реализира за доброто на граѓаните.

  1. Во услови на загаденост над Мерните дозволени концентрации, во тек над 7 последователни дена, да се овозможи бесплатен градски превоз, додека трае загадувањето.
  2. Инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат во зимски услови 24 часа и јавно, секој ден со име и презиме, да ги обзнанат најголемите загадувачи и, согласно тоа, мерките кои ги презеле.
  3. Да се чистат сите диви депонии, особено да се инспектираат секојдневно оние локации каде што се пали отпадот со намера и да се изречат казнени мерки.
  4. Да се овозможи целосна бесплатна здравствена заштита, на граѓаните, посебно на децата и хронично болните, за кои е констатирано дека причината е загадувањето.

-Црнилата не смеат да продолжат. Црнилото мора да си замине. СДСМ мора да си замине. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои се против овие црнила да се приклучат на протесниот марш во среда кој ќе започне во 17 часот од плоштад ВМРО и ќе се движи до владата на Република Македонија. За да им кажеме НЕ на црнилата. Да го испратиме СДСМ во историјата,