Телото за помирување денеска не успеа да го договори текстот на законот за амнестија. По завршувањето на денешниот состанок членовите на собраниското тело не сакаа да дадат изјави до каде е процесот на помирување.
Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција во Собранието на Република Македонија, следниот состанок ќе го одржи најверојатно в среда, најавија членови на групата.
Денешниот состанок на работната подгрупа за помирување беше прекинат поради нови информации за кои се потребни дополнителни консултации во врска со законското решение за амнестија на дел од учесниците во настаните во Собранието на 27 април минатата година.
Претседавачот со оваа подгрупа Зекир Рамчиловиќ рече дека дополнително ќе информира за продолжението на состанокот на кој требаше да се доуреди предлог законот за амнестија.
Со коментар излезе претседателот на Собранието, Талат Џафери кој објасни дека во Собранието е формирана Интерпартиска парламентарна група која работи на процесот на помирување и интеграцијата и која треба да излезе со конкретни предлози во нејзина надлежност со што, вели, ќе дадат последен печат на она што е исполнување на нашите обврски од Преспанскиот договор.
Comments are closed for this post.