Како идна членка на ЕУ Царинската управа на Македонија ги презема сите потребни чекори за усогласување со царинското законодавство на унијата. Извршени се промени на царинскиот закон со што е овозможено прилагодување на нашето законодавство со тоа на ЕУ во контекст на овозможување на меѓународно признавање на коцептот на овластен економски оператор, истакна Ѓоко Танасоски, директор на Царинската управа на Република Македонија на промоцијата на овој концептот во Струмица.
Овој концепт најпрвин ќе се применува во земјите на ЦЕФТА, а подоцна во ЕУ и во светот. Концептот на овластен економски оператор значи поволности за македонските компании, и тоа како за македонското царинско подрачје, така и во царинското подрачје на земјите од ЦЕФТА регионот. Со тоа се овозможува приоритетен третман при извршување на царинските контроли, односно дава можност за избор на местото на истовар, за помал број на документарни контроли со што ќе дојде до намалување на трошоците на самите компании, а тоа доведува до зголемување на нивната конкуретност, рече директорот на Царинската управа на Македонија, Ѓоко Танасоски, пред присутните претставници на компании од Струмичкиот регион.
Додаде дека критериумите за добивање на статусот на економски оператор се усогласени со тие на ЕУ и веќе се применуваат кај нас, а покрај промотовните активности од страна на Царината течат и подготвителните активности на компаниите.
Промоцијата на концептот на овластен економски оператор се рализира со помош на Проектот на УСАИД за регионален економски раст
Comments are closed for this post.