Како да имам еден немир за уставните измени, затоа што ова е еден многу важен процес, се плашам да не се повреди од невниманијата на институциите, вели претседателот на ДУИ Али Ахмети во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Како да имам еден немир, затоа што ова е еден многу важен процес, се плашам да не се повреди од невниманијата на институциите, да не се создаде јавното мнение дека ова е еден процес кој веќе е затворен и дека е завршен. Овој процес сѐ уште е во развој и треба сите државни институции, законодавни институции, институциите кои ги спроведуваат законите, да бидат внимателни, да го чуваат од некоја надворешна инфламација, затоа што лесно може да се загрози имунитетот на овој процес-изјави лидерот на ДУИ