По последните изјави на Заев сега е очигледно дека сите разговори за опстанокот на таканаречениот Преспански договор „се завршени“, истакнува Панос Каменос, министерот за одбрана и лидер на АНЕЛ.
Помалиот коалициски партнер на премиерот Алексис Ципрас, денес го покачи тонот кон Македонија и притоа истакна дека „тие се заглавени во пропагандата на Мусолини и на Тито“.
„Неодговорното и провокативно однесување на Скопје и докажува на меѓународната јавност дека тие едоставно не се подготвени да учествуваат во меѓународни организации, но исто така и ги оправдуваат сите кои уште од првиот момент тврдат дека тие се заглавени во пропагандата на Мусолини и на Тито“, изјави Каменос кој го прогласи Преспанскиот договор за „виртуелно мртов“.
Грчките медиуми објавуваат дека изјавите на Заев за изучување на македонски јазик во Грција придонеле дури и еден од најголемите поддржувачи на Договорот, лидерот на Потами (Река), Ставрос Теодоракис, да го загуби трпението. Од друга страна, тој е под силен притисок на партиското раководство, па може да се случи и Потами да не гласа за договорот, доколку тој дојде на гласање во грчкиот парламент.
Comments are closed for this post.