Циркузот од пет јавни дискусии е уште еден удар по демократијата и правната држава, зашто е организиран пост фестум. Јавното соочување на стручњаците и политичарите со народот, како носител на суверенитетот на државата, требаше да се одржи пред уставните измени да започнат или воопшто да влезат во Собранието, велат од партијата Глас за Македонија преку партиско соопштение.
Во соопштението натаму се вели дека навредливо за здравиот разум е што јавните дискусии ќе ги водат експерти од општа пракса (меѓу нив само еден-двајца професори по уставно право), политички функционери во владата и гласноговорници на меѓународната заедница, кои беа огнени поддржувачи на т.н.Преспански договор и на грчките интереси, како и фактот што нема ниту еден говорник, кој не го поддржува договорот, а би бил најлегитимен според резултатите од пропаднатиот референдум.
Во недостаток на основните елементи-стручност, објективност, непристрасност, оваа јавна дебата е непотребно исполнување на „демократска процедура„, што станува лакрдија, велат од Глас за Македонија.
Comments are closed for this post.