Во полициска акција спроведена ноќеска во угостителски објект во село Жеровјане, тетовско, приведени се 11 девојки. Пет од нив биле странски, а шест македонски државјанки
Како што соопшти МВР, ноќеска од 23:00 до 04:00 часот полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, спровеле акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, тетовското сопственост на Х.А.(29) од Боговиње.
Петте женски лица од Република Србија на возраст од 21 до 29 години приведени се во Полициската станица Тетово и по кусото задржување, предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка, се наведува во соопштението од МВР.
Comments are closed for this post.