Пол Џорџ постигна 47 поени, од кои дури 25 во последната четвртина со што ја предводеше Оклахома сити до неверојатен пресврт против Бруклин нетс.
„Громовите“ губеа и со 20 поени во последната четвртина, но предводени од Џорџ го добија овој дел од средбата со 39-19.
Својот одличен настап, Џорџ го збогати со фатените 15 скокови, како и со тројката за победа постигната на 3,1 секунди до крајот.
Paul George for the win ???
He led OKC’s comeback with 25 points in the 4th quarter! pic.twitter.com/HRlfpw3ezK
— SportsCenter (@SportsCenter) December 6, 2018
Покрај Џорџ, одличен натпревар одигра и Расел Вестбрук кој оствари трипл-дабл од 21 поен, 17 асистенции и 15 скокови. Тоа за Вестбрук е 108 трипл-дабл во кариерата со што го премина Џејсон Кид на вечната листа. Пред Вестбрук сега се само Оскар Робертсон со 181 и Меџик Џонсон со 138 трипл-дабл остварувања.
По оваа победа, Оклохома сити се искачи на второто место во Западната конференција со една победа помалку од лидерот Денвер нагетс.
Резултати од синоќешните натпревари
Бруклин – Оклахома сити 112-114
Кливленд – Голден Стејт 105-129
Орландо – Денвер 118-124 (прод.)
Атланта – Вашингтон 117-131
Торонто – Филаделфија 113-102
Милвоки – Детроит 115-92
Минесота – Шарлот 121-104
Њу Орлеанс – Далас 132-106
ЛА Лејкерс – Сан Антонио 121-113
Мемфис – ЛА Клиперс 96-86
Comments are closed for this post.