Кубанците од денеска ќе можат да пристапат на интернет преку своите мобилни телефони, соопшти државната телекомуникациска компанија „Етецс“, означувајќи пресврт во таа земја чие комуникациско поврзување долго беше меѓу најниските во Западната хемисфера.
Безмалку половина од 11,2 милиони жители на Куба поседуваат мобилни телефони, но нема да можат сите да си дозволат мобилен интернет, известува Ројтерс.
Во информативна телевизиска емисија, директоррите на „Етецс“ објавиле различни едномесечни пакети, започнувајќи од најнискот од 600 мегабајти по цена од седум долари до пакети од 4 гигабајти за 30 долари. Доколку корисникот не сака пакет, 100 мегабајти ќе го чинат 10 долари.
Таквата цена нема да можат да си ја дозволат многу Кубанци бидејќи просечната плата во државата е околу 30 долари месечно.
Куба значително заостануваше зад повеќето земји во пристапот до интернет, што заради недостаток на пари, така и поради долгогодишните трговски санкции од САД и загриженоста заради проток на информации.
До 2013 година, интернет беше дозволен само за луѓето во туристичките хотели на островот. Меѓутоа, владата тогаш се заложи а поврзувањето го постави за приоритет, воведувајќи интернет-кафе и пунктови за ви-фи, и полека поврзувајќи ги домаќинствата.
Кубанскиот претседател Мигел Дијас Канел, кој го наследи Раул Кастро на таа функција, заговара поголема поврзаност на земјата истакнувајќи го потенијалот на интернетот за раст на економијата, како и можноста Куба подобро да ја брани својата револуција онлајн.
Тој во октомври отвори профил на мрежата Твитер, по што беше заследен од бројни државни функионери, додава британската агенција.
Comments are closed for this post.