Кривичниот совет ја одби жалбата на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и тој останува во истражниот затвор во Шутка.
Судиите оцениле дека постои опасност Мијалков да избега и да влијае врз сведоци и го потврдија решението на судија на претходна постапка, кој му одреди притвор за случајот „Империја“.
Вчера беше одржана јавна седница и се разглeдуваше жалбата на Мијалков со која бараше да излезе од притвор. Нему претходно му беше одреден притвор за масовното прислушување, но потоа СЈО побара укинување на притворот за „Таргет – тврдина“ и судот на барање на СЈО му одреди 30-дневен притвор за случајот „Империја“.
Comments are closed for this post.