Делегации Србија и на Кина договорија договор за економска соработка вреден 994,4 милиони долари. Во рамки на договорот е предвидено кинеската компанија за производство на автомобилски гуми, Шандонг Линглонг, да изгради фабрика во Зрењанин. Со отворањето на таа фабрика ќе се отворат околу 1.200 работни места.
Како што истакна претседателот на Србија, Александар Вучиќ, овој договор ќе значи многу за градот Зрењанин, но и за цела Србија. По серијата средби со кинески компании и банки, Вучиќ оцени дека можноста за кинески вложувања на Србија и отвора шанса за две до три години да стане држава со највисок економски раст во Европа.
Comments are closed for this post.