На пазарот на труд во Македонија има 8.459 слободни работни места, од кои најголем дел, 3.264, се во групата „работници во услужни дејности и продажба”. По нив следат работниците од групата „техничари и средни занимања” каде има 1.172 слободни работни места, па „ракувачи и составувачи на машини” со 1221 работно место. Има слободни 858 работни места за службеници.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, стапката на слободни работни места во третиот квартал годинава изнесува 1,67 проценти.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот „административни и помошни услужни дејности” и таа изнесува 5,08 проценти, додека најмала е стапката во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација”, каде е 0,21 процент.
Највисока стапка на слободни работни места од 2,44 проценти имаат фирмите со три до девет вработени.
Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.35 проценти, по што следи Источниот со 2,2 проценти, Југоисточниот со 1,83 проценти, Југозападниот со 1,70… Во Скопскиот регион стапката на слободни работни места е 1,5 проценти.
Comments are closed for this post.