По примерот на Запад и во Македонија е отворен првиот хотел за домашни миленичиња, објавува Нова Македонија. Сопственик на првиот хотел е Ѓорѓија Нестороски, ветеринарен техничар од Кичево, кој на овој начин сака да ги промени навиките на граѓаните на Кичево, да имаат хуман третман кон кучињата скитници, незгрижените мачки и птиците.
Овој хотел е само преодна фаза за сите домашни миленичиња, кои тука ќе бидат прифатени, прегледани, вакцинирани и нахранети и истите потоа ќе бидат префрлени во новоизградениот стационар кој ќе биде отворен до крајот на годината.
Сопственикот вели дека во хотелот можат да бидат прифатени само кучиња кои веќе имаат идентификациски броеви, за да може да се евидентираат и да се знае нивниот број, а со отворањето на стационарот ќе бидат повлечени од улица и оние кучиња кои немаат чипови и кои во градот се донесени есенва, бидејќи се работи за многу крупни единки кои не наликуваат на уличните кучиња.
Повеќе на Нова Македонија
Comments are closed for this post.