Српскиот вицепремиер Небојша Стефановиќ ги праша земјите о регионот, меѓу кои и Македонија, што лошо им сторила Србија за да се формира пакт против неа.

Ваквата негова реакција доаѓа откако вицепремиерот на Косово, Енвер Хоџај дека со властите во Македонија, Црна Гора и Хрватска разговарал да се формира пакт против Србија.

– Сакаме да слушнеме што тоа Србија и српскиот народ лошо им направиле за да формираат пакт против нас-праша Стефановиќ.

 

Македонската влада засега се нема огласено за тоа дали ќе прифати да влезе во пакт против Србија.