Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан утре доаѓа во ненадејна кратка посета на Белград.
Според неофицијалните информации, тој ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, а разговорите што ќе ги води треба да траат два часа.
Се претпоставува дека темите на разговор ќе бидат евроинтеграцијата и проблемите во односите Белград-Приштина по 100-процентното зголемување на таксите на српски производи, кои неодамна ги воведе Приштина.
По тој состанок, Вучиќ ќе се обрати на јавноста и ќе зборува за провокации кои доаѓаат од регионот.
Белград не е единственото место кое европскиот комесар ќе го посети утре. Имено, како што најави Европската комисија, Хан утре ќе замине и за Приштина, каде ќе се состане со косовските претседател и премиер Хашим Тачи и Рамуш Харадинај, со претседателот на Парламентот, Кадри Весели, како и со претставници на опозицијата.
Comments are closed for this post.