Македонскиот ракометен шампион Вардар го совлада Кјелце на домашен терен во последното коло годинава од Лигата на европски шампиони со 28:27. На полувреме Вардарци водеа со 14:11. Кртиштопанс со пет и Скубе со четири голови беа најефикасни кај црвено-црните. Дејан Милосављев имаше 11 одбрани.
Во тимот на Кјелце Душебаев постигна пет голови.
Со оваа победа црвено-црните се второпласирани со 13 бодови.
Полјаците на третата позиција со 12. Прва на табелата е Барселона со 16 бодови и натпревар помалку.
Comments are closed for this post.