Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, на покана на Интерпатиската парламентарна група за интеграција, реформи и помирување при Собранието на Република Македонија, денеска учествуваше во работата на седницата на ова собраниско тело.
Во изјавата за медиумите после седницата премиерот Заев истакна дека работата на Интерпатиската парламентарна група за интеграција, реформи и помирување е од исклучително значење за Република Македонија во еден исклучително важен период кога јавноста очекува во која насока ќе се одвиваат процесите од интерес на граѓаните за интеграцијата, реформите и процесот на помирување.
„На седницата на интерпарламентарната група беше разговарано за предлог-законско решение за помирување кое што јасно ќе направи дистинкција помеѓу учеството во тие настани, помеѓу што е надвор од организацијата, осмислувањето или учеството во физичкото насилство на 27-ми април“, истакна премиерот Заев во изјавата за медиумите.
Претседателот на Владата на РМ Заев потенцираше дека очекува помирувањето да започне од таму каде што поделбата доби кулминација, а тоа се настаните од 27-ми април.
На прашањето дали е разговарано деталите за околу основите врз кои се покренати кривичните пријави за обвинетите во настаните, премиерот Заев рече дека тоа ќе им биде препуштено на правните и на правосудните тела кои ќе работат на следните чекори на целиот процес.
Со тоа што ја прифатив поканата да присуствувам на седницата на ова собраниско тело, јас ја потврдив мојата лична волја и волјата како премиер. Верувам дека низ следните чекори коишто следуваат ќе ги дознаеме сите стручни аспекти на механизмите како да ги поставиме правните и политичките рамки на помирувањето имајќи ги предвид и настаните од 27-ми април. Секако знаеме дека црвените линии не смеат да се поминат. Многу е важно да не ни падне на памет да влијаеме на правосудниот систем, затоа што знаете дека реформите во правосудството и независноста на правосудството се императив многу важни и заради интеграциските процеси во НАТО и ЕУ“, нагласи премиерот Заев
Comments are closed for this post.