Македонија од 2000 година има просечна стапка на раст од 2,8 проценти и со таков раст за 70 години би го постигнала нивото на ЕУ, доколку се зголеми на 5 отсто тогаш целта ќе се оствари за 30 години.
Ова е тврдењето на претставици на Свртската банка на денешната презентација на анализата „Постигнување посветла иднина за сите“ во која се разгледува напредокот на Република Македонија во текот на 27 години по остамостојувањето.
Според Светска банка, Македонија има голем потенцијал за забрзување на економскиот раст, за намалување на сиромаштијата и за подобрување на животниот стандард на своите граѓани, особено за луѓето во најдолниот дел на распределбата на приходите, но за тоа треба да ги искористи своите конкурентски предности, вклучувајќи ја и стратешката локација и отвореноста за трговија и инвестиции, истовремено надминувајќи низа горливи предизвици и внимателно управување со ризиците.
Оваа година е клучен момент во историјата на земјата како независна државата. Со постигнување на договорот со Грција, државата направи одлучен чекор во долготрајниот спор околу нејзиното уставно име. Разрешувањето на спорот за името кој предизвикуваше политичка и економска штета уште од 1991 година се очекува да го забрза процесот на пристапување на земјата во ЕУ и НАТО, да овозможи подлабоко да се интегрира со регионалните и со светскиот пазар, се истакнува во анализата што денеска беше презентирана во Скопје од регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер, претставникот на Светска банка во Македонија Марко Мантованели и Марко Хернандез, коавтор на извештајот.
Во анализата се констатира дека без решение за високата стапка на корупција нема услови за стабилен економски раст. Идентификувани три патеки кои меѓусебно се надополнуваат за земјата да ги искористи новите можности за надминување на предизвиците. Првата е да поттикне подинамичен и поконкурентен приватен сектор, втората е вложување во луѓето за да се изгради конкурентна и приспособлива работна сила и третата се однесува на остварување економска социјална одржливост.
Според Светска банка, она што треба да преземе Македонија е групирано во 10 прироритетни области. Тоа се осигурување на владеење на правото и градење способни јавни институции што се отчетни пред граѓаните, вградување релевантни висококвалитетни вештини во текот на животниот циклус на граѓаните на земјата, зајканување на способностите на фирмите и на екосистемот за усвојување технологии, на пристапот на фирмите до финансии, подобрување на трговската поврзаност и итнеграцијата во синџирот на вредност, промовирање на пазарната конкуренција и воспоставување бизнис клима од светска класа. Намалување на демотивацијата и отстранување на пречките за учество на пазарот на трудот, особено за жените, осигурување фискална одржливост преку намалување на фискалните реизици, правејќи ги расходите поефикасни и преку мобилизирање повеќе приходи, инвестирање во интегрирани политики за намалување на загадувањето на воздухот, градење отпорност на природни катастрофи и на климатските промени и промовирање раст со ниски јаглеродни емисии, заштита на човечкиот капитал преку штитење на сиромашните и на ранливите домаќинства од шокови и инвестирање во превентивна и примарна здравствена заштита и поттикнување на модернизацијата на земјоделството.
Препораките од Светска банка, како што беше посочено на презентацијата, властите не мора да ги земат предвид, но очекуваат да ги разгледаат, да ги усвојат и да имплементираат дел од наодите.
Comments are closed for this post.