Џек Ма, основачот на Алибаба, највредната кинеска компанија, официјално е потврден како член на Комунистичката партија, пренесува Блумберг.
Алибаба е меѓународна корпорација за интренет тргвија која интензивно вложува во развој на технологија и вештачка интелигенција, со цел да се задржи продажбата на светско ниво
Нејзиниот основач Ма е еден од стоте луѓе на кого Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина ќе му врачи признание во текот на одбележувањето на 40 години од економската реформа на државата и нејзиното отворање кон светот.
Моменталната вредност на Алибаба е 400 милијарди долари и е меѓу 10 те највредни компании во светот. Ма е најбогат човек во Кина, а според Блумберг неговото богатство вредни 38, 4 милијарди долари
Comments are closed for this post.