Талибанските бунтовници собориле воен хеликоптер при што загинале петмина припадници на авганистанската армија.
Нападот се случил во западната авганистанска провинција Фарах, во реон што е под контрола на
Талибанците.
Двајца од загинатите биле пилотите на хеликоптерот, а тројца биле снајперисти, припадници на специјалните сили на авганистанската армија.
Сепак, извори од авганистанските безбедносни сили негираат дека станува збор за акција на бунтовниците. Според нив, причина за падот на хеликоптерот била технички проблем.
Comments are closed for this post.