Собраниското кородинативно тело за помирување и интеграција денеска ќе го одржи својот прв состанок. На него, се очекува да бидат изнесени размислувања во врска со содржината на законот за помирување за настаните од 27 април во Собранието.
Најверојатно на седницата ќе се разгледува Предлог законот за амнестија подготвен од независната пратеничка група.
Со него се предвидува амнестија за обвинетите за 27 април кои не извршиле насилство и не биле директно вклучени во организирање и планирање на настаните.
ВМРО-ДПМНЕ има став дека нема да учествува во тоа колективно тело. Спред партијата тие не можат да учествуваат бидејќи таму не се ниту БЕСА, ниту Алијанса, ниту ВМРО-ДПМНЕ.
Какво е тоа тело за помирување ако ги немате главните партии? Кој со кого ќе се помирува? Ако ги немате главните опозициски па и позициски партии во тоа тело, прашува в.д претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска .
Ласовска појаснува дека тоа тело и повеќе нејзини сопартијци го нарекуваат тело за порамнување бидејќи се појавува после референдумот и после Црниот петок после гласањето.
Comments are closed for this post.