Воз што синоќа сообраќал на релација Александруполи – Комотини, усмртил четири лица, веројатно мигранти, а несреќата беше откриена утрово, кога вработените во грчката железница ги забележале распаднатите тела на шините.
Според грчките медиуми, проценките на полицијата се дека станува збор за четворица млади лица, веројатно мигранти, кои што се движеле по шините во вечерните часови, а машиновозачот најверојатно воопшто не ги забележал, јави дописничката на МИА од Атина.
По пријавата од вработените во железницата, на местото на настанот пристигнала грчката полиција која спроведе истрага за откривање на причините на несреќата и времето кога се случила, додека пак телата биле предадени на обдукција.
Comments are closed for this post.