Изборот за најдобар автомобил на годината на Стариот континент „European Car of the Year“ влезе во нова фаза во која од првобитните 38 модели во трка за титулата останаа вкупно седум автомобили.
Тоа се: Рено Алпина А110, Цитроен Ц5 Аиркрос, Форд Фокус, Јагуар И-Пејс, Киа Сид, Мерцедес А класа и Пежо 508.
Тоа што може да се забележи е дека списокот на финалисти е разновиден, но дека на него има најмногу француски производители (Алпина А110, Цитроен Ц5 Аиркрос и Пежо 508).
На листата се најде и еден потполно електричен автомобил Јагуар И-Пејс, потоа спортскиот Рено Алпина А110, и СУВ возилот Цитроен Ц5 Аиркрос.
За признанието најдобар автомобил во Европа конкурираа сите модели кои се појавиле барем во 5 земји на европскиот пазар од почетокот на 2018 година.
Автомобилот на годината ќе го бира меѓународно жири составено од 60 автомобилски новинари од 23 европски земји.
Наградата „Автомобил на годината“ се доделува од 1964 година.
Новиот победник ќе биде соопштен на 4 март 2019 година, пред почетокот на саемот на авотмобили во Женева.
Comments are closed for this post.