Целта на истражувањето е да се добијат повратни информации од претпријатијата од приватниот сектор за состојбата на бизнис опкружувањето во секоја земја учесничка и да се искористат овие повратни информации за да се оценат можностите и ограничувањата за растот на приватниот сектор.
Во секоја земја истражувањето ќе биде спроведено преку интервјуа со приватни фирми во производствениот и услужниот сектор.
Во Република Македонија прибирањето на податоците ќе ги врши Ipsos со кој е склучен и договор. Ipsos ќе ги започне интервјуата со фирми по случаен избор во ноември 2018 година. Оваа активност ќе трае до мај 2019 година, а прелиминарните резултати од истражувањето се очекуваат во втората половина од 2019 година.
Наодите од истражувањето на претпријатијата, заедно со дополнителните информации од слични истражувања во други земји учеснички, ќе претставуваат основа за аналитичка работа базирана на докази која може да утврди како да се промовираат инвестициите, продуктивноста и економскиот раст во овие земји.
Темите што се вклучени во прашалникот – како што се продуктивност, усвојување на технологија и иновации, конкуренција, квалификуваност на работната сила, неформалност, пристап до финансиски услуги, инфраструктура и влијание на владините регулативи – ќе бидат споредливи на глобално ниво.
Оваа рунда на истражувања на претпријатијата ќе се спроведе во повеќе од 40 земји низ Европа, Централна Азија, Среден Исток и Северна Африка
Comments are closed for this post.