Предлог законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година, не беше усвоен во Собрание. Мнозинството од пратениците не го поддржаа овој закон и како што рече Џафери, нема повеќе да се дебатира за овој предлог-закон.

За усвојување на овој предлог-закон „за“ гласаа 25 пратеници, а „против“ 59 пратеници.

Предлог законот беше поднесен по скратена постапка.

ВМРО-ДПМНЕ минатиот месец достави предлог закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27-ми април, со кој требаше да се предвиди и  уреди начинот на ослободување од кривично гонење, запирање на поведените постапки и целосно ослободување од издржување на казната затвор, а за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела согласно чл.384 – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, согласно 386 – Насилство, согласно чл.385 – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело и дело согласно чл.313 – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност.