Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во „Ноќно студио“ на 4ТВ ги отфрли обвинувањата дека партијата ја води под влијание на Зоран Заев. Тој порача дека има легитимитет од членството и дека нема да дозволи дополнително делење на СДСМ.

„Јас сум професор по неврохирургија, никој не може да ме контролира, објави 4news.mk Ја водам партијата автентично, легитимно, без некој да ми влијае“, изјави Филипче.

Тој рече дека Заев веќе не се занимава со политика и го оспори тврдењето дека поранешниот премиер преку него влијае врз одлуките во СДСМ.