Таткото на Сара на денешниот протест во Охрид покажа фотографии од неговата претепаната ќерка со модрици по лицето.
Со фотографија од својата 26-годишна ќерка Сара Ѓорѓиеска, на која се видливи повредите и модриците на нејзиното лице, Љупчо Ѓорѓиески денеска се приклучи на протестот против насилството врз жените и фемицидот во Охрид.
Неговата ќерка на 15 ноември беше брутално претепана, според обвинението, од нејзиното момче Кристијан Корабоски, по што била оставена во бесознание на улица.
„Ова е ќерка ми Сара. Ниту еден родител да не го види вакво своето дете и да не го доживее тоа што ни се случи на нас“, изјави Ѓорѓиески, покажувајќи ја фотографијата од повредената Сара.







Comments are closed for this post.