Унгарскиот европратеник Балаж Орбан ја обвинува ЕУ за очигледни двојни стандарди кон Македонија и Србија.

Ништо не ја разоткрива лицемерноста на институциите на ЕУ појасно од фактот што тие постојано ги малтретираат земјите – кои всушност би требало да ги приближуваат кон Европската унија – поради наводни прашања поврзани со човековите права, додека истовремено, за да ги остварат сопствените политички интереси, намерно ги разградуваат истите тие права и владеењето на правото во рамките на своите земји-членки.

Ова е ставот кој во јавен говор го искачува унгарскиот европратеник Балаж Орбан во врска со годишните извештаи за напредокот на ЕУ за земјите кандидати.

Балаж Орбан вели дека на Македонија и на Србија им се држат лекции додека правата се газени внатре во Европската Унија: во Полска полицијата упадна во Уставниот суд, додека во Унгарија новата влада забрани политички противници.

,,А сепак ние држиме лекции на Србија и Македонија за владеењето на правото и ги држиме пред врата.