Терористички напад беше извршен пред Амбасадата на Израел во Белград, а Србија прогласи највисоко, црвено ниво на опасност од тероризам според вонредната постапка.
Според извештаите, напаѓачот е малолетник од Шабац кој ги нападнал жандармерите со ножеви, а полицаецот го убил во самоодбрана.


Повредениот припадник на жандармеријата е лекуван и пуштен дома, додека безбедносните служби ја зголемија контролата низ целиот град и држава.


Со одлука на надлежните органи, нивото на безбедносна закана во Србија е подигнато на највисоко ниво, црвен степен на опасност од тероризам.

Црвеното ниво на опасност подразбира значително зголемено присуство на полицијата и специјалните единици на локации од посебно значење, клучни инфраструктурни објекти, сообраќајни патишта, како и на сите места каде што се собираат голем број граѓани.