Црна Гора планира да стане 28-ма членка на ЕУ до 2028 година, но пред тоа мора да го преземе и преведе правното acquis на Унијата, кое вклучува десетици илјади правни акти.

Црна Гора можеби нема да може да го преведе целото законодавство на Европската Унија до планираното пристапување, па затоа Европската комисија разгледува привремени исклучоци, а една од опциите е Црна Гора да користи еден од постојните официјални јазици на ЕУ, при што хрватскиот јазик се појавува како најочигледен избор, пишува Euronews.

Затоа, Комисијата оценува неколку опции за можни исклучоци. Една од нив е да ѝ се дозволи на Црна Гора привремено да користи друг официјален јазик на ЕУ додека не ги заврши сите преводи. Одлуката за тоа кој јазик би се користел би била на Подгорица, но хрватскиот е најверојатниот кандидат. Тоа е единствениот официјален јазик на ЕУ што црногорските говорници целосно го разбираат.

Според последниот попис поголем дел од населението во Црна Гора за мајчин јазик го смена српскиот.