На 3 октомври, во Музејот на византиската култура во Солун ќе се одржи церемонија, на која посмртните останки на цар Самуил официјално ќе бидат предадени на бугарската држава, oбјави „БГНЕС“

Бугарија и Грција постигнаа договор за враќање на посмртните останки на цар Самуил во Бугарија.

По интензивни преговори, Бугарија и Грција постигнаа историски договор за враќање на посмртните останки на бугарскиот цар Самуил во неговата татковина“, рече Радев.

Премиерот истакна дека аспирацијата на бугарската држава да ги врати посмртните останки на цар Самуил датира од 1965 година, кога грчкиот археолог професор Николаос Муцопулос ги открил во базиликата изградена од цар Самуил на островот Свети Ахил во Малото Преспанско Езеро.

„Имаме историска чест да го постигнеме тоа“, рече Радев, заблагодарувајќи му се на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за „државничката визија, политичката храброст и волја“ за постигнување на договорот.

Според него, на 3 октомври ќе се одржи церемонија во Музејот на византиската култура во Солун, на која посмртните останки на цар Самуил официјално ќе бидат предадени на бугарската држава. Ќе бидат предадени и останките од два други саркофази пронајдени во истата црква, за кои се вели дека му припаѓаат на царот Гаврил Радомир и на други членови на кралското семејство.

Посмртните останки на цар Самуил ќе бидат погребани во посебен саркофаг во црквата Света Софија.

Извор БГНЕС