По повод 120 години од погубувањето на големиот јунак Александар Турунџев, оперскиот пејач Игор Дурловски лани, на овој ден, го промовира видеото со својата изведба на песната „Црно му било пишано на Александар Турунџе“. 

Дурловски песната ја изведува во пијано придружба и аранжман на Николче Мицевски, а продукцијата е на XL Studio Momiroski, додека видеото е на Николај Грнчаров.

– Изведбава е омаж и благодарност кон подвигот што останува вечен симбол за Битола и Македонија. Ова е песна што не потсетува дека хероите живеат во нашата музичка меморија – напиша на својот профил на Фејсбук Дурловски.