Венко Филипче и неговото СДС координирано од Зоран Заев, и во врска со идејата за дата центри, или центри за податоци, во Македонија, покажуваат дека воопшто не мислат за државата, нејзиниот развој што носи придобивки и за граѓаните, се истакнува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче повторно излезе јавно со низа на критики и сомнежи во врска со евентуална изградба на дата центри во Македонија. Едноставно кажано, Филипче и за оваа тема почна да шири невистини, паника или хистерија во јавноста. Наводно дата центрите биле закана за водните ресурси во државава, дека ќе има енормна потрошувачка на струја како да не слушнал за обновливи извори на струја и слично.
И овој пат очигледно Филипче стана нервозен и застана контра дата центрите веројатно затоа што не помина иницијативата во Пехчево на нивниот човек, негов и на Заев, инаку поранешен пратеник од СДС.
Филипче може да биде мирен кога станува збор за државата и ресурсите во Македонија. Надлежните деновиве јасно кажаа дека се прави се за Македонија да биде модерна, богата современа држава, а притоа да не се наруши ниту околината ниту животот на граѓаните.







Comments are closed for this post.