ренерот на Аталанта, Маурицио Сари, не е задоволен од изданието на неговиот тим на синоќешниот натпревар со Сасуоло и покрај победата со 2:1.

– Победата е секогаш важна. Бевме фокусирани во првите 30 минути и не им дозволивме ништо на противниците, но потоа, како што одминуваше натпреварот, почнавме да се мачиме во одбраната. Треба да работиме првенствено со новите играчи, а ги вклучувам и оние што доцнеа поради Светското првенство. Тоа е процес и ќе видиме како ќе оди.


Средниот ред заврши многу добра работа во текот на 90 минути, но станавме премногу пасивни по првите 30. Крилата играа подобро од минатиот пат. Станавме поопасни во нападот, но ако почнете да се браните длабоко и пасивно, тоа станува проблем. Понекогаш ни е тешко да притискаме толку високо колку што би сакал. Кога се браниме премногу длабоко, стануваме пасивни, додека треба да бидеме подобри во излегувањето од одбраната, рече италијанскиот тренер на прес-конференцијата по натпреварот.