По девет години минати во Ливерпул, репрезентативецот на Египет Мохамед Салах во новата сезона ќе настапува во турската екипа Трабзон. Тој денеска најпрво пристигна во Истанбул, а во вечерните часови и во Трабзон каде беше пречекан од илјадници симпатизери на овој клуб.

Тој веднаш го имаше и своето прво обраќање пред аеродромот во Трабзон, додека во градот владее вистинска треска по доаѓањето на Салах.

Трабзон успеа да го договори Салах, кој според договорот ќе добива 17 милиони евра годишно и дополнителен процент од продажбата на дресовите со неговиот број. Еуфоријата во Трабзон е голема особено што успеаја во трката со Бешикташ да го ангажираат Салах, а воедно се надеваат дека во новата сезона ќе бидат конкурентни и за освојување на шампионската титула во турското првенство







Comments are closed for this post.