Mинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во интервју проговори за средбите со неговата бугарска колешка Велислава Петрова со цел враќање на довербата?

-Јас ја иницирав првата наша средба која што се случи во Шведска на маргините на состанокот на министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО. Од наша страна нашата претседателка ја иницираше средбата која што се случи пред извесен период со претседателката на Бугарија, госпоѓа Јотова. И во иднина ќе продолжиме да иницираме средби, пред се, насочени кон отварање теми од билатерална природа. Имаме ние и прашања кои што треба да ги решаваме тековно, што не се единствено поврзани со деблокирање на нашиот евроинтеграциски процес. Во следните неколку месеци ќе постојат и повеќе можности ние да се сретнеме на различни мултилатерални формати, така што без никаква дилема ние ќе бидеме проактивни. Ние ќе работиме да се најде решение заедно со нашите европски партнери, но ќе повторам, не решение по секоја цена.