ФИФА потврди дека победникот на финалето меѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се одигра на стадионот во Њујорк – Њу Џерси во недела, ќе стане првиот тим во историјата на Светското првенство што ќе добие шампионски прстени, следејќи ја традицијата на американските професионални лиги како НБА, НФЛ и МЛБ. Со ова продолжува американскиот модел во фудбалот, што, за жал, нема да донесе ништо добро за најпопуларниот спорт во светот. Имено, станува збор за ексклузивни прстени што ќе бидат изработени во ограничена серија од вкупно 2.026 примероци, како симбол на Светското првенство во 2026 година.

Од таа бројка, 30 прстени ќе бидат наменети за членовите на шампионскиот тим, додека преостанатите 1.996 ќе им бидат понудени на навивачите ширум светот како официјални лиценцирани производи на ФИФА. На едната страна од прстенот ќе биде прикажан трофејот на Светското првенство, додека другата страна ќе биде специјално дизајнирана во согласност со идентитетот на репрезентацијата што ќе ја освои светската шампионска титула.

Секој примерок ќе биде уникатно нумериран, изработен по нарачка за сопственикот и испорачан со сертификат за автентичност.