Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Брисел треба заедно да го прими Западен Балкан.

Што сакате да изградите? Посилни граници меѓу сите? Ако сите одиме заедно, нема да има граници меѓу Приштина, Белград и сите други – рече Вучиќ во интервју за „Фајненшл тајмс“.

Претседателот на Србија изјави дека се надева на голем потег за приклучување кон целиот регион на ЕУ.

– Ни треба регионот да биде обединет. За да не стане нова зона на конфликт меѓу луѓето што влегуваат во ЕУ и другите што се далеку од неа – рече Вучиќ.