Дали СДСМ е од Бихаќка или од Горњи Милановац. Ови из Бихаќке су продали веру за вечеру. Малу су се љутили па су се заканули на другарици Славјанку и другару Шему.  Или  ви или странку-бирајте другови.

Овие од СДСМ од што се неспособни не знаат ни едно соопштение да преведат . Откако пред една недела за Обвинителство напишаа тужилаштво, сега имаат нов бисер и се вика Продали веру за вечеру. Господе боже те има ли. Оваа политичка кованица која е преведена од српски никогаш не се употребува во македонскиот говор и означува некој што се одрекол од својата вера или минато за една вечера, односно од корист. Вук Караџиќ се превртува во гроб а Блаже Конески бара лектор.Следното соопштение на СДСМ очекуваме да почне со „Помаже Бог, другови “, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“ која ќе биде емитувана утре.