Со одигрување на последните натпревари од групната фаза, познати се сите учесници во плејофот на Светското фудбалско првенство.

Последни кои обезбедија учество во нокаут фазата се  Австрија и Алжир, кои одиграа нерешено 3:3 во нивниот натпревар од 3. коло од групната фаза.

Австрија, со 4 бода, заврши втора во групата Ј и ќе игра против Шпанија додека Алжир ќе се соочи со Швајцарија.

Двојки за 1/16 финалето:

Германија – Парагвај

Франција – Шведска

Јужна Африка – Канада

Холандија – Мароко

Португалија – Хрватска

Шпанија – Австрија

САД – Босна и Херцеговина

Белгија – Сенегал

Бразил – Јапонија

Брегот на Слоновата Коска – Норвешка

Мексико – Еквадор

Англија – ДР Конго

Аргентина – Зелено’ртски Острови

Австралија – Египет

Швајцарија – Алжир

Колумбија – Гана.

Натпреварите ќе се одиграат од 28 јуни до 4 јули, осминафиналето од 4 до 8 јули, четврт-финалето од 9 до 12 јули, полуфиналињата на 14 и 15 јули, а натпреварот за третото место и финалето ќе се играат на 19 јули.