Изградбата на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка претставува „инженерско чудо“ и доказ дека државата е способна за реализација на големи инфраструктурни проекти, напиша вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на неговиот Фејсбук профил.

Во објава, придружена со видео од градежните активности, Николоски посочува дека на оваа делница се изведуваат сложени градежни зафати.

null

– На делницата Бељаковце – Крива Паланка се градат мостови со столбови високи до 61 метар – повисоки од повеќекатници во урбана средина. Во изградбата ќе бидат вградени десетици илјади тони железо и 125.000 кубни метри бетон, наведе Николоски.

Тој нагласува дека проектот не е само транспортна инфраструктура, туку и симбол на капацитетите на државата.

– Ова не е само железница, ова е инженерско чудо и доказ дека Македонија е способна за големи подвизи, истакна Николоски во објавата.

Железничката делница Бељаковце-Крива Паланка е дел од пругата кон Бугарија, која се гради во рамки на паневропскиот Коридор 8 и опфаќа изградба на мостови, тунели и придружна инфраструктур