На една недела пред почетокот на Светското првенство владее вистинска грозница за сликичките од Панини. Во Скопје, но и во другите градови,  сликички нема ниту за лек, иако цената на едно пакување е 75 денари. На недостик на сликички се жалат и во Србија, поточно во Врање каде нема никаде.

Во Скопје тие се продаваат во овластената продавница во центарот на градот како и на бензиски и трафики, но вработените велат дека само што ќе ги добијат веднаш се распродаваат.