Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи Бујар Османи реагира на протестот на студентите-Албанци студенти во Скопјe, изразувајќи поддршка за ‘нивната посветеност на заштитата на правата на албанскиот јазик’.

Преку јавна објава на фејсбук  Османи иронизира со повиците за смиреност и пасивност, нагласувајќи дека иницијативата сега е во рацете на студентите!“ – објави дене весникот „Лајм“.  Информативниот портал „Тетова сот“ претходно го пренесе повикот на Бујар до меѓународната заедница да интервенира во Македонија, заради „одбрана на албанскиот јазик“ во Македонија, која е за него „држава на два главни народа“

„Албанскиот јазик е официјален јазик. Но без јазик ние немаме ништо. Ова е предизвик за албанскиот народ, но е предизвик и за иднината на земјата. Затоа, треба и меѓународната заедница да го одбрани албанскиот јазик, да ја одбрани и оваа држава со два главни етникума.“ – изнесе Бујар Османи.