Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска во изјава по повод 9 Мај – Денот на Европа упати критки до власта дека ја држи државата изолирана од Европа и посочи дека треба да се направат уставни измени за да почнат преговорите за членство во Европската унија.
-Денес го славиме Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. И на Денот на Европа можевме да имаме многу повеќе причини да славиме, еве, например, како Црна Гора, која што води напред, која што ги затвора поглавијата, преговорите и која што догодина ќе стане земја членка на Европската Унија. За жал, нѐ води организирана криминална група на чело со Христијан Мицкоски. Која што сака земјава да биде во изолација, да биде слепо црево во Европа, да нема реформи, да нема европско правосудство, да нема европски судии и обвинители, да нема богати и среќни граѓани – рече Филипче, во изјава на настанот пред Владата повод 9 Мај – Денот на Европа.

Прашан за коментар на говорот на премиерот Христијан Мицкоски кој упати порака и за обединување го повтори ставот дека според него „треба да се направат уставните измени“.
-Сѐ што кажува премиерот е само изговор. Се знае што треба да се направи за да се почне со преговорите. Треба да се направат уставните измени. Што е за него обединувањето? Да му дадеме поддршка да не ги прави? За да може да продолжат да крадат? Не, тоа нема да се случи. Затоа што ќе се случи Европа кога ние ќе дојдеме на власт по следните избори и сите ќе одговараат – рече Филипче на новинарско прашање, наведувајќи дека на Денот на Европа, „Христијан Мицкоски треба да биде персона нон грата







Comments are closed for this post.