Обврска за поседување на задолжителна опрема за автомобил во Грција отсекогаш постои, а последната измена донесена со одлука D30/45652/2026 од страна на заменик министерот за транспорт, се однесува на промена на составот на задолжителната прва помош, која сега се состои од 16 елементи. Одлуката е направена за усогласување со DIN 13164:2022 (европски/германски стандард) и превземање на ЕУ стандардот. Одлуката e одложена за први јануари догодина, а казната е 30 € ако не го поседувате потребниот сет или истиот не е комплетен.

ШТО ТРЕБА ДА ПОСЕДУВАТЕ

Обврска за поседување на задолжителна опрема за автомобил во Грција отсекогаш постои, а последната измена донесена со одлука D30/45652/2026 од страна на заменик министерот за транспорт, се однесува на промена на составот на задолжителната прва помош, која сега се состои од 16 елементи. Одлуката е направена за усогласување со DIN 13164:2022 (европски/германски стандард) и превземање на ЕУ стандардот. Одлуката e одложена за први јануари догодина, а казната е 30 € ако не го поседувате потребниот сет или истиот не е комплетен. Новиот стандард наметнува точно утврдени 16 ставки кои мора да бидат дел од приборот за прва помош. Најзначајните измени се вклучувањето термално ќебе и заштитни маски. Целосната листа ги вклучува следниве елементи: – термално спасувачко ќебе;- две медицински маски (тип IIR или FFP2); – ролна медицинска лента и сет фластери; – стерилни завои (мал, среден и голем формат); – стерилна газа или специјална облога за изгореници; – еластични завои со различна широчина; – триаголна марама; – ножици за прва помош; – четири медицински ракавици за еднократна употреба; – влажни марамчиња за дезинфекција на кожа; – упатство за прва помош.