Пискотници се слушаат од Лешок од Бихачка откако омилениот обвинител на СДСМ си поднесе оставка. Да, Ленче Ристовска реши дека веќе не сака да биде обвинител откако не стана главен ,Државен обинител. Ленче вели дека била многу разочарана од состојбата во која се наоѓало обвинителството. Ова за себе да не го зборува. Да не се пронајде во овие два посто доверба што го има обвинителство. Таа заборави или мисли дека ние заборавивме од каде доаѓа. Како мисли обвинител од поранешното, бог да го прости СЈО да напредува во кариерата, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

 Во текот на мојата кариера особен предизвик ми претставуваше работата на случаи кои најдиректно влијаат врз дерогирањето на општествените вредности и принципи, напиша Ленче во оставката.

Ме трогна. Дали не беа нарушени принципите и вредностите на Ленче кога според зборовите на нејзината колешка Лејла Кадриу, Заев и Шекеринска на рака во ходник во СЈО и давале материјали без да биде направен записник. Ко нарачка на песна во кафана со евтина певаљка.

Се сеќаваме и на изјавата на Ленче дека инфомации дека Катица Јанева е опфатена во случајот Рекет со Бојан Јовановски. Од што Ленче не знаела нејзната шефица заврши во Идризово а сега е со алка на ногата.

Дека Ристоска не е е толку наивна покажува и случајот со бонусите кои си ги делеле во СЈО. Како Ленче додека беше обвинител не се заинтересира за какви заслуги добила 72.000 евра, Фатиме Фетаи 87.000 а главата на СЈО Катица 157.000 евра. За Ленче да не биде разочарана, случјот со бонусите е на разгледување во Вишото јавно обвинителство.

Така да, Ристоска може колку сака да биде разочарана и навредена. Еве за да даде позитивен пример за почеток-нека ги врати парите. Само така ќе докаже дека се бори за правна држава.

И сега што да правам јас со маицата СЈО. Од Чарлиевите остана уште Ангелот Фатиме.

Знаете ли и дека Стево Пендаровски работи за ВМРО. Е да знаете. Уште не е официјално, ама според Филипче секој што ќе каже нешто против СДСМ автоматски станува вмровец. Прво вмроовец стана Максим Димитриевски, па Јован Деспотовски, па Саша Богдановиќ и Шилегов а сега и Стево. Долга е раката на ВМРО,нема што .

Го знаете овој пиљар

Кажува колку бил лебот колку пиперките, колку патлиџаните. Јас се кладам дека филипче нема влезено во маркет, освен можеби во локалното гранапче во Дубаи или пак во продавничињата на грчките острови додека ја укотуваат јахтата со Заев.

Претседателот на САД Доналд Трамп се закани дека ќе го уништи НАТО затоа што сојузниците не го поддржаа во војната во Иран. Иако е малку веројатно, ќе биде најако ако НАТО се распадне во времето на Радмиша Шекеринска како заменик Генерален секретар. Државата која го смени името за да стане членка на НАТО ја распаѓа Алијансата кога втор човек е од таа држава.

Студентите Албанци протестираа во центарот на Скопје со барање правосудниот испит да го полагаат на Албански јазик. Речиси сите држеа знамиња на САД. Каква врска има правосудниот испит со американското знаме. Времето на знамиња помина. Ако веќе сакате да покажете лојалност кон државата мафтајте со македонското знаме кое не е ниту само на Македонците туку на сите граѓани. Ете така се сака државата.