СДС како грамофонска плоча истата приказна ја вртат секој ден постојано фабрикуваат, шират лаги и манипилации. Грaмофонската плоча кај СДС врти, приказната им е иста во секое соопштение или прес-конференција само довербата кај народот им исчезнува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Институциите ги демантираат секој ден, ама СДС си тера по свое како грамофонска плоча што се врти и ја повторува истата приказна.

Венко Филипче и СДС лажеа дека никогаш не говореле за мигрантски кампови во Македонија а самиот Филипче кажа дека Македонија станува голем мигрантски камп и црна точка во Европа. Денес 4 месеци подоцна нема ниту договори, ниту преговори, ниту пак планови за отворање мигрантски кампови во Македонија. Ова беше потврдено и од највисоките државни институции, како и од меѓународни претставници. Филипче и неговите лаги беа демантирани и разобличени од претседателот на Владата, претседателот на државата, министерот за надворешни работи и британскиот амбасадор,обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Секојдневни деманти од институциите, а СДС упорно со истите лаги. Уште една лага на СДС падна во вода, и кога Антикорупциска пресече, дека нема судир на интереси кај Томовски во случајот со фирмата Сити аутсорсинг но од СДС продолжија со спинови.

Тоа е доказ за дното каде што се СДС, трета партија  со 130 илјади гласа без консолидирани структури. Самиот Битиќи ги демантира Филипче и СДС и во емисија каде кажа дека СДС не е консолидирана. Битиќи призна дека СДС нема да биде конкурентна за следните избори.

Наместо извинување за лагите СДС продолжува да конструира приказни и измислува теми во кој никој не верува. На Македонија и е неопходна консолидирана и конструктивна опозиција која ќе биде коректор на власта а не фабрика за лаги и неодговорно однесување со намалена улога во демократските механизми.